Утрински Весник
Свет

Саудиска компанија ќе инвестира 20 милијарди долари во вештачка интелигенција во САД

Veshtachka inteligencija 2.jpg

Саудиска компанија ќе инвестира дваесет милијарди долари за изградба на инфраструктура поврзана со вештачка интелигенција во САД, објави денеска Белата куќа, додека претседателот Доналд Трамп е во Ријад како дел од неговата турнеја на Блискиот Исток.

Саудиската фирма DataVolt „продолжува со своите инвестициски проекти во износ од 20 милијарди долари во центри за податоци и енергетска инфраструктура поврзана со вештачката интелигенција“, објави Белата куќа.


Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша серија договори за економска и билатерална соработка со неговиот саудиски домаќин, принцот Мохамед бин Салман, денеска во Саудиска Арабија, на почетокот од четиридневната турнеја на Блискиот Исток.

Меѓу другото, беше објавено дека Саудиска Арабија ќе купи најсовремена воена опрема од САД во вредност од 142 милијарди долари.

Компанијата Data Vоlt објави и технолошки договори со вкупна вредност од 80 милијарди долари, меѓу кои се Google, софтверските компании Oracle и Salesforce или полупроводничкиот гигант AMD. 

Можете да прочитате

Почина најсиромашниот претседател – светот се прости со Хосе Мухика

Зеленски: Путин се плаши од директни преговори со мене

Администрацијата на Трамп намалува уште 450 милиони долари од финансирањето на Харвард