Утрински Весник
Свет

Саудиска Арабија нема да го признае Израел без создавање на палестинска држава

20250205081403 Big 730x400 63.webp.webp

Саудиска Арабија соопшти дека нема да воспостави односи со Израел без создавање на палестинска држава, со што го демантира тврдењето на американскиот претседател Доналд Трамп дека Ријад не бара Палестинците да имаа своја држава.

Во синоќешното соопштение од саудиското Министерство за надворешни работи се наведува и дека Ријад ги отфрла сите обиди за раселување на Палестинците, бидејќи за тоа прашање не се преговара.


Соопштението е реакција на синоќешната изјава на Трамп дека САД ќе преземат контрола над Појасот Газа и ќе равијат економска територија откако ќе бидат раселени Палестинците.

– Саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман ја потврди позицијата на земјата на јасен и недвосмислен начин и нагласи дека нема да дозволи толкување под никакви околности, се додава во соопштението на саудиското МНР.

САД подолг период се обидуваат Саудиска Арабија да го признае Израел. Но, војната во Појасот Газа, што почна во октомври 2023 година, го принуди Ријад да го одложи признавањето на Израел поради гневот во арапскиот свет предизвикан од израелската офанзива.

Воспоставувањето односи со Саудиска Арабија би било од голема корист за Израел, бидејќи земјата има огромно влијание на Блиски Исток, врз муслиманските земји и е најголемиот светски извозник на нафта.

Можете да прочитате

Автобус излетал од патот во Турција: над 30 лица се повредени

„Гугл“ веќе не забранува користење ВИ за развој на оружје

Администрацијата на Трамп го става персоналот на УСАИД на „административно отсуство“