Саудиска Арабија ќе се кандидира за домаќин на Светското првенство во 2030 година, заедно со Грција и Египет. Оваа вест ја соопшти министерот за туризам на земјата, Ахмед Ал Катеб.
„Размислуваме за заедничка кандидатура со Грција и Египет. Мислам дека тоа ќе биде победничката понуда“, оптимист е министерот Ал Катеб.
Тој верува дека Саудиска Арабија ќе победи бидејќи има супер модерни стадиони, со сите дополнителни пратечки.
„Дефинитивно, овие три земји (Саудиска Арабија, Египет, Грција) ќе направат огромни инвестиции во однос на инфраструктурата и ќе бидат подготвени. А знам дека Саудиска Арабија ќе изгради уметнички дела од стадионите и сите потребни капацитети за навивачите“, вели Ал Катеб.