Утрински Весник
Спорт

Саудијците не биле наградени со скапи автомобили и часовници, добиле нормален бонус

Саудијците не биле наградени со скапи автомобили и часовници, добиле нормален бонус

Репрезентацијата на Саудиска Арабија, направи една од најголемите сензации во историјата на Мундијалите. Во првото коло, на СП во Катар, Саудиска Арабија ја победи Аргентина со 2:1.

dobivaj vesti na viber

Резултатот од овој натпревар одекна во светот, но и покрај победата над големиот фаворит, Саудијците не успеаја да ја поминат групата. Ги загубија дуелите со Полска и Мексико.

По победата над Аргентина, во јавноста се појавија информации дека секој фудбалер од принцот Мухамед Бин Салман добил „Ролс Ројс“, вреден околу 500.000 евра. Откако таа вест беше демантирана, медиумите објавија дека принцот ги почестил репрезентативците со скапи „Ролекс“ часовници.

Оваа информација ја демантираше претседателот на Фудбалскиот сојуз, Јасер Ал Мишехал.

“Не, не, не. Нашите играчи се горди што можат да ја претставуваат својата земја. Имаа чест и среќа што беа дел од репрезентацијата на ваков историски натпревар против Аргентина. Шпекулациите за тие награди не се точни”, Ал Мишехал. рече и додаде.

„Тие навистина добија бонус за таа победа, но тоа беше нормален бонус. Имаме јасни правила за тоа. Тие не играат за бонуси и награди, туку за својата земја. Тие испишаа историја и многу од нив станаа популарни низ целиот свет поради победата против Аргентина“.

Ал Мишехал не откри ја откри сумата со која сојузот ги наградил фудбалерите.

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари