Утрински Весник
Македонија

Сашо Мијалков снимен во Монте-Карло со луксузен автомобил вреден околу 700.000 долари (ВИДЕО)

Uploads Thumbs Resize 800x420 678566.jpg

Поранешениот прв човек на УБК и осуденик во затворот во Струга, деновивр е снимен во Монако како излегјва од луксузен автомобил „Ферари“, исто така пред скап хотел.

Според објавувачот, снимката, е направена во Монте-Карло и истата е објавена пред 14 часа.


Според податоците достапни на интернет, автомобилот „Ферари“ со кој е забележан Мијалков, може да чини од 629.990 до 709.900 долари.

На видеото може да се забележи како тој пристугнува, го остава возилото на паркирање и со женска личност влегува во хотелот.

Мијалков беше гонет, но многу дела му застареа, додека граѓаните чекаа правда. Тој доби 24 години затвор и тоа: три години за „Империја“, 12 години за прислушувањето односно „Таргет-Тврдина“, осум години за „Трезор“, 1,3 месеци затвор за „Плацови на Водно“. Од сите, ја одлежа само таа за „Империја“ и тоа во затворот во Струга, каде можеше по цели денови да биде надвор и да работи, а навечер да се враќа.

Видеото можете да го погледнете со клик ТУКА.

Извор: Скопје 1

Можете да прочитате

Две мали деца се затруле со хемикалија во кумановско, пренесени на Детска клиника

„Макпетрол“ сè уште нема добиено официјално известување за намалување на набавната цена од добавувачот

ВМРО-ДПМНЕ: СДС го остави ЕСМ со загуба од 140 милиони евра, а сега глумат загриженост за струјата