Утрински Весник
Македонија

Сашо и Владимир Мијалкови одликувани со орденот „Свети Николај“ 

Img 6599.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, и неговиот брат, Владимир Мијалков, беа одликувани со орденот „Свети Николај“ од Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Наградата им ја додели Брегалничкиот митрополит Иларион за нивниот ктиторски придонес во изградбата на црквата Свети великомаченик Димитриј во Ново Село, Штип.

Црквата, која беше осветена вчера, е проект што браќата Мијалкови финансиски го поддржале во нивниот роден крај. Во свечениот чин на осветување учествуваше Архиепископот Стефан, во сослужение со митрополитот Иларион и епископот Јаков, објави порталот Религија.

Ова е прво појавување на Сашо Мијалков во јавност по неговото ослободување од затвор. Тој претходно беше на „црната листа“ на САД и осуден за злоупотреби на службената положба.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Измени во сообраќајот на возовите поради реконструкција на пругата Скопје – Зелениково

Тешко повреден возач по судир со трактор