Утрински Весник
Магазин

Сара Џесика Паркер – пепелашка од вистинскиот живот

Сара Џесика Паркер – пепелашка од вистинскиот живот

Сара Џесика Паркер одигра многу улоги. Но, улогата што ја прослави беше онаа на Кери Бредшо, ултимативна њујоршка помодарка во хит-серијата „Сексот и градот“.

dobivaj vesti na viber

За многумина, Бредшо е симбол на прекумерен шопинг – подготвена да потроши стотици долари за омилениот пар чевли. Нејзиното несериозно трошење често беше главен дел од заплетот и привлечноста на серијата.

 

Затоа е и малку иронично што Паркер, жената што ја оживеа Бредшо, всушност пораснала во сиромаштија.

Иако е тесно поврзана со Њујорк, Сара Џесика Паркер е родена во рударскиот град Нелсонвил, Охајо, во 1965 година. Таа е четврто од осумте деца. Родителите на Сара Џесика Паркер се развеле кога таа била мала, имала само три години. Мајка ѝ, учителка, набргу потоа се премажила воведувајќи уште четири деца во семејството од претходниот брак на нејзиниот нов сопруг. Финансиската поддршка на толку големо семејство била континуирана борба.

Во интервју за „Њујорк тајмс“, Паркер го опиша своето детство како Дикенсова сиромаштија алудирајќи на ликовите од книгите на Чарлс Дикенс. „Понекогаш немавме струја. Понекогаш немавме Божиќ, или родендени, или доаѓаа инкасатори, или телефонската компанија се јавуваше и велеше: ви ги исклучуваме телефоните“.

Во интервјуто таа говори за стигмата на примање социјална помош. „Знаев дека се разликувам од децата што плаќаа ручек или носеа ручек од дома“.

Немањето сè што сакате е благослов, додава таа.

И покрај финансиските проблеми на семејството, Паркер во претходно интервју за „Пипл“ нагласува: главно го имавме неопходното, а да немате сè што сакате е благослов“.

Паркер се навраќа на своето детство и како на нешто идилично. „Нè бркаа надвор додека не се запалат уличните светилки, измислувавме игри. И покрај финансиските ограничувања, мајката и очувот на Паркер го негувале нејзиниот интерес за изведувачки уметности. Почнала да посетува часови по балет и пеење на млада возраст предизвикувајќи страст, што со текот на времето ќе стане нејзина многу профитабилна кариера.

Tоа што била најсиромашно дете во соседството ја хранело нејзината желба да работи напорно. „Сакав да бидам професионалец не само поради задоволство туку сакав да не се грижам за пари и да направам и другите околу мене да не се грижат за пари“.

Сега мајката на три деца со актерот Метју Бродерик вели дека не сака нејзините деца да бидат разгалени.

Сиромаштијата од минатото ја натерало да стане конзервативен инвеститор, според профилот на „Њујорк тајмс“. За разлика од Кери Бредшо – ликот што го толкува во „Сексот и градот“ – таа потенцира дека ретко се расфрла, но внимателно ги следи пазарите и прави одлични зделки за недвижности.

Од куќа, која во текот на детството била неуредна и хаотична, таа сега живее во Гриниџ Вилиџ на улицата Вест 11, локација што „Волстрит џурнал“ ја нарече нова зона на милијардери. Нејзини соседи се Лив Тајлер, Руперт Мардок и извршниот директор на Софтбенк.

Животот на Паркер е вистинска приказна за Пепелашка. Со напорна работа, талент, финансиска претпазливост и можеби здрава доза среќа таа ја изгради својата нето-вредност на проценети 200 милиони долари, според Celebrity Net Worth.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста