Утрински Весник
Спорт

„Сантијаго Бернабеу“ ги исвирка играчите на Реал Мадрид

20260117181828 big 730x400 64.webp.webp

Екипата на Реал Мадрид успеа да постигне победа против Леванте со 2:0. Но, навивачите имаа свое мислење кое го искажаа за време на натпреварот особено кон првите ѕвезди на екипата.

Првиот „концерт“ свирежи го имаше Винисиус кога првпат имаше контакт со топката, а слично реагираа навивачите и кога Џуд Белингам ја имаше топката. На тој начин навивачите дадоа до знаење, кое е нивното мислење за двајцата играчи односно дека двајцата биле најпроблематични играчи во периодот на Чаби Алонсо.

Ова беше прв натпревар за Реал Мадрид на домашен терен, по двата пораза, а играчите беа постојано исвиркувани, иако управата на клубот „побара“ тоа да не се случува.

Фото: ЕПА

Можете да прочитате

Нигерија поуспешна од Египет по изведувањето пенали во дуелот за третото место

Хрватска се намачи за да ја совлада Грузија

Лазаров: Македонските ракометари денеска ќе имаат слободен ден