Утрински Весник
Македонија

Санкционирани 130 брзи возачи – 24info.mk

Brzo Voze E 1.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во текот на вчерашниот ден (01.05.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 130 возачи. Од нив 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 53 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 77 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта. 

Можете да прочитате

АХВ: Уништени се над 22 тони киви од увоз

СДСМ: Нема пари за мерки против загаден воздух – има за криминални тендери

Намалена видливост на повеќе патни правци поради магла