Утрински Весник
Свет

Сан Диего ќе плати 30 милиони долари на семејството на тинејџер убиен од полицијата

20251206104316 big 730x400 85.webp.webp

Градот Сан Диего се согласи да му плати 30 милиони долари на семејството на 16-годишно момче кое беше застрелано од полицаец додека тој бегал од друг тинејџер кој отворил оган кон него, објавија американските медиуми.

Спогодбата постигната од калифорнискиот град е меѓу најголемите во граѓанските случаи за неправедна смрт кои произлегле од убиство од страна на американските органи на редот, објави „Сан Диего Јунион Трибјун“.

Сумата за семејството на Коноа Вилсон, кој беше убиен ноќта на 28 јануари, ги надминува 27-те милиони долари добиени во 2021 година од семејството на Џорџ Флојд, чија смрт од рацете на полицаец од Минеаполис предизвика бран национални протести за расна правда во 2020 година.

Во тоа време, спогодбата во случајот Флојд се сметаше за најголема од ваков вид.

„Никогаш не сум видел град да преземе одговорност толку брзо“, изјави Николас Роули, адвокат на семејството на Вилсон, според „Сан Диего Јунион Трибјун“. „Ова е навистина благородно. … Полицаецот се обидуваше да ги заштити луѓето. Се случи грешка“.

Можете да прочитате

Кошта: Единствен победник од оваа војна е Русија

Сауди Арамко: Ќе има катастрофални последици за пазарот на нафта ако продолжи кризата во Хормуз

„Ќе го нападнеме Иран толку силно што нема да може да се обнови никогаш, ќе има смрт и оган над нив“ – Дали Трамп суптилно се заканува со нуклеарно оружје?