Утрински Весник
Спорт

Сампдорија по „катастрофата“ против Монца го отпуштија Џампаоло

Сампдорија по „катастрофата“ против Монца го отпуштија Џампаоло
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Сампдорија му врачи отказ на тренерот Марко Џампаоло по катастрофалниот старт на сезоната, крунисан денеска со 0:3 поразот од новиот прволигаш Монца, по што клубот е на дното на Серија А по осум кола со само два поени по ремијата со Лацио и Јувентус.

dobivaj vesti na viber

Според „Спорт Италија“ и други италијански извори, покрај Џампаоло од клубот ќе си замине и техничиот директор Карло Ости, а на негово место ќе дојде тренерот на младинскиот тим, Феличе Туфано додека не се избере постојан тренер. Италијанските медиуми веќе ги споменуваат Клаудио Раниери и Роберто Д’Аверса како можни опции.

Слабата форма на клубот се надоврзува со нестабилноста во управата на тимот по минатогодишното апсење на газдата Масимо Фереро, поради кои се „стопирани“ преговорите за продажба на клубот на порнешниот емир на атар, Шеик Ал-Тани.

Можете да прочитате

Вардар предложи јужната трибина да го носи името Васил Рингов

Нов трипл-дабл за Јокиќ, но пораз на неговиот тим

Јувентус по три победи во низа, се проби на третото место