Утрински Весник
Спорт

Сампдорија може да се збогува со Серија А

Сампдорија може да се збогува со Серија А

Фудбалерите на Сампдорија и Специја ремизираа (1:1) во натпреварот од 31. коло на Серија А. Повеќе причини за задоволство од конечниот резултат имаат гостите.

dobivaj vesti na viber

Бруно Амионе со гол во 23. минута ги доведе домаќините во предност. Тој резултат важеше до 59. минута кога Специја израмни преку Даниеле Верди.

Со овој бод Специја го забележа петтиот меч во низа без победа, но и тоа и беше доволно да остане прва над „линијата“.

Сампдорија останува на последното место со 17 бодови, односно 10 помалку од Специја на седум кола до крајот, па можеме да се констатира дека тимот на Дејан Станковиќ ја пропушти последната можност да ги задржи шансите за опстанок.

Можете да прочитате

Убедлив триумф на македонските кошаркари против Азербејџан

Партизан ја одби оставката на Обрадовиќ

Македонец нов европски шампион во мотоциклизам