Утрински Весник
Спорт

Сампаоли (повторно) ќе ја води Севилја

Сампаоли (повторно) ќе ја води Севилја

Хорхе Сампаоли постигнал договор со Севилја. Аргентинецот викендов треба да го започне вториот мандат во клубот од „Рамон Санчез Писхуан“ стадионот, тврдат шпанските медиуми. Според овие извори, бизарно е што клупските челници се уште не го известиле актуелниот тренер Хулен Лопетеги дека ќе добие отказ.

dobivaj vesti na viber

Севиља има очаен старт оваа сезона, има само една победа во сите натпреварувања, во Ла Лига е на 17. место со пет бода. Наводно, Лоптеги, во среда, последен пат ќе ја води Севилја. Екипата од Андалузија во Лигата на шампионите ќе игра против Борусија Дортмунд.

Сампаоли ја предводеше Севилја во сезоната 2016/2017, си замина кога доби повик да биде селектор на Аргентина. Доживеа дебакл со „гаучосите“ на Мундијалот во Русија. Аргентина во 2018 година испадна во осмина-финалето од Франција.

Темпераментниот стратег во кариерата ги предводел Сантос, Атлетико Минеиро, а минатата сезона ја заврши во Олимпик Марсеј.

Неговиот најголем успех во кариерата го оствари со репрезентацијата на Чиле, кога победи на Копа Америка во 2015 година.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина