Утрински Весник
Македонија

Само неколку часа по објава на кандидатурата – полиција дошла во домот на Ивановска

Antikorupciska biljana ivanovska 1 750x430 1.jpg
Dik 300x250 mk

Истиот ден кога беше промовирана нејзината кандидатура за градоначалник на Центар, во домот на екс претседателката на ДКСК Билјана Ивановска дошле полициски службеници за да ѝ врачат кривична пријава.

-По 11 часа откако ја објавив мојата кандидатура за градоначалничка на Општина Центар, полицајци затропаа на мојата врата. Синоќа во 20:30 часот двајца полицајци ме побарале да ми врачат кривична пријава, но јас не бев дома. Утринава веднаш појдов да ја подигнам поканата од ОЈО Скопје за да видам за што станува збор. Ме повикуваат на разговор на 19 август, соопшти преку Фејсбук, Ивановска.


Таа нема податоци за што се однесува пријавата и постапката која е активирана дента кога ја поднесе кандидатурата за локални избори.

-Јас немам што да кријам, имам чиста совест и не се плашам од никакви закани и ниски удари и притисоци. Мојата цел е достоинствен живот во Центар и нашата битка заедно со „Независни заедно“ е отпор против воспоставените антивредности на коруцпија и клиентелизам кои нè доведоа до оваа ситуација, порача Ивановска.

Можете да прочитате

45 поднесени кривични пријави до сега во врска со пожари на отворен простор, лишени од слобода 66 лица

Директорот на М-НАВ работел како контролор на празник за да добие двојна дневница!?

По две децении промена во Струмица, Петар Јанков го презеде градот од Костадинов