Утрински Весник
Свет

Самците во Данска ги посипуваат со цимет на 25-от роденден, а со бибер на 30-от

20260304120442 big 730x400 67.webp.webp

Во Данска постои долгогодишна и необична роденденска традиција според која пријателите посипуваат личност со цимет кога таа ќе ја достигне 25-тата година од животот, а сè уште не е во брак. Овој обичај има вековна историја и носи шеговита, но јасна порака – дека славеникот или славеничката сè уште се „слободни и во потрага“.

Традицијата предвидува дека ако лицето остане неомажено/ неженето до 30-тата година, „казната“ станува построга – тогаш наместо цимет следува посипување со бибер. Овој детаљ го прави обичајот уште повпечатлив и го нагласува социјалниот притисок, секако на шеговит начин.


Иако фотографиите и видеоснимките често делуваат хаотично и екстремно, целата постапка се изведува како добронамерна шега меѓу пријателите. Станува збор за неформален обичај кој не претставува никакво официјално правило ниту законска обврска, туку е дел од културниот фолклор на Данците, пишува Сосајети (Society).

Корените на традицијата се поврзани со времето на трговците со зачини. Во минатото, овие трговци често патувале долги периоди и не се венчавале, па биле предмет на шеги од своите врсници поради „вечната судбина на самците“. Со текот на времето, тие шеги се претвориле во формализирана симболика – посипување со зачини за сите кои на 25 или 30 години сè уште немаат стапено во брак.

Денес, обичајот е особено популарен меѓу младите луѓе. Славеникот обично се врзува за столб, стол или друга фиксна површина, а пријателите го посипуваат со големи количини цимет или бибер. Во некои случаи, зачините се мешаат со вода за да се залепат на облеката и кожата, што го зголемува ефектот и интензитетот на шегата.

Циметот се користи за 25-иот роденден бидејќи се смета за поблага и полесна верзија на шегата, додека биберот на 30-тата година – претставува симбол за поголема шега и социјален притисок.

Некои славеници, свесни за интензитетот на обичајот, претходно носат стара облека, бидејќи по ваквата постапка речиси е невозможно целосно да се отстрани мирисот од зачините. Иако на прв поглед може да делува екстремно, мнозинството Данците овој обичај го доживуваат како симпатичен и забавен ритуал за премин во повозрасни години, начин да се означи важен животен момент и да се засили чувството на заедништво меѓу пријателите.

Оваа традиција е толку препознатлива и ефектна што станала популарна на социјалните мрежи. Многу туристи кои наидуваат на вакви „зачинети“ роденденски прослави на улиците на Данска се изненадени и зачудени од необичноста на обичајот, што само ја зголемува популарноста и интересот за оваа културна традиција.

Можете да прочитате

Германија со воена бригада во Литванија го зајакнува источното крило на НАТО

Орбан ја обвини опозицијата за подготовка на немири пред изборите во Унгарија, Маѓар повикува на смиреност

На над 27.000 лица им е одбиен влез во ЕУ преку новиот систем за гранична контрола