
„Сакам да знам со кого зборувам, треба да се претставите како новинари. Не е важно. Не е коректно и не е фер новинарите да водат судска постапка. Постои општа презумција на невиност- се додека не бидам осуден, не сум виновен и не чувствувам вина. Треба да оставиме судовите да ја водат постапката, рече министерот без ресор Шабан Салиу во одговор на новинарско прашање.
Министерот смета дека не е коректно новинари да сликаат таблички на неговото службено возило откако беше забележан пред неколку дена како се пријавил во Основниот кривичен суд, со оглед дека е опфатен со обвинението за несреќата во кочанската дискотека „Пулс“.
Салиу беше директор на Дирекцијата за заштита и спасување, функција на која беше во периодот од 2008 до 2017 година. Обвинителството го товари за Тешки дела против општата сигурност исто како и останатите 34 ца обвинети, а обвинението се уште е во фаза на оценка во Кривичниот суд.
Премиерот Христијан Мицкоски пред два дена рече дека ќе разговара со Салиу околу негово евентуално разрешување од функцијата.