Утрински Весник
Македонија

Сали не може да даде временска рамка кога ќе се набави лекот за цистична фиброза: Се надевам набрзо

Сали не може да даде временска рамка кога ќе се набави лекот за цистична фиброза: Се надевам набрзо

Министерот за здравство Беким Сали не знае дали ќе се чека нов министер за набавката на скапиот лек за лицата болни од цистична фиброза, ниту пак, дава временска рамка во која лекот би се набавил. Тој посочува само дека треба да се изменат закони за лекот да може да се набави, став кој е веќе познат.

dobivaj vesti na viber

„ Јас не би можел да дадам временска рамка. Тоа не е до Министерството за здравство. Тука се три институции кои треба да ги изменат членовите на законите. Едно е Министерството за здравство, но ќе треба сите институции да ги изменат членовите. Јас мислам дека во делот на буџетот нема да има проблем. Ќе има интерен внатрешен ребаланс во Фондот. Не работиме за осум пациенти, туку на почетокот 30 да добијат терапија“, посочи Сали.

Тој пред новинарите само повтори дека се знае што треба да се промени од закони, но не и кога ќе се променат истите.

„ Детектирани се членовите на трите закони кои треба да бидат изменети. Јас се надевам дека набрзо преку пратеници тоа ќе го издејствуваме, за да преминеме во фаза за директни преговори, а со тоа и набавка на лекот. Со измените отвораме можност за преговарање за подобра цена на лекот. Тоа значи дека нема да чекаме период од 2 месеци кои ни беше потребен, а служеше за жалби итн. Ова важи за првите осум пациенти и за сите други пациенти“, кажа Сали.

Претседателот на Асоцијацијата за лица болни од цистична фиброза, Фики Гаспар, за „Макфакс“ вели дека здравствената состојба на болните е доволно лоша и дека не треба да се дозволи чекање и одолжување за набавка на лекот „трикафта“. Гаспар и јавно испрати порака: „Не смееме да дозволиме да ни почине пациент“ по што додава дека тројца пациенти се во критична состојба и секој ден многу им значи.

Можете да прочитате

Лукаревска: Со гордост ја напуштам функцијата, на Фани ѝ посакувам успех во зацврстувањето на социјалдемократските вредности

Зоран Заев единствен државник од Балканот спомнат во мемоарите на Меркел

Поради сообраќајна несреќа, во прекин сообраќајот на патот Велес – Градско