Ливерпул стигна до важна 2:1 победа на гостувањето кај Тотенхем во новото премиерлигашко дерби најмногу поради фантастичниот Мохамед Салах, кој очигледно се врати во својата најдобра форма со два гола во првото полувреме.
Салах прво во 11. минута успеа да го совлада Иго Љорис по асистенција на Дарвин Нуњез, за потоа да го удвои водството во 40. минута. Тимот на Антонио Конте проба да се врати во игра, и веднаш по внесувањето во игра на Дејан Кулушевски во 69. минута, Швеѓанецот му асистираше на Хери Кејн за намалување на 2:1. По оваа, домаќините постојано се обидуваа да стигнат до голот на „црвените“, додека Ливерпул успешно успеа да се одбрани.
Со поразот, Тотенхем пропушти шанса да се врати на третото место на табелата, и остануваат четврти со 26 поени, еден помалку од Њукасл и три пред Манчестер јунајтед (со натпревар помалку). Ливерпул ја прекинуваат незгодната серија од два порази, и сега се на осмото место со 19 поени.
(function (el) {
window.addEventListener(“message”, (event) => {
if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) {
if (el.id === event.data.id) {
el.style.height = event.data.height + “px”;
}
}
});
})(document.getElementById(“sofa-standings-embed-1-41886”));