Утрински Весник
Македонија

„Сакаме лек, не комодитет“ скандираат болни од цистична фиброза пред Финансии, министерот ги прими на разговор

„Сакаме лек, не комодитет“ скандираат болни од цистична фиброза пред Финансии, министерот ги прими на разговор

„Сакаме лек, не комодитет“ и „Нема да си одиме“ скандираат болни од цистична фиброза и нивните семејства пред Министерството за финансии. Дваесетина минути откако почна денешниот протест инициран поради тоа што нема најава за набавка на лекот „трикафта“ за сите што го чекаат, претставници од Асоцијацијата за цистична фиброза беа повикани и влегоа во Министерството на разговор.

dobivaj vesti na viber

Додека внатре се разговара за нереализираното ветување дека лек ќе се набави за сите, протестот пред Министерството продолжува. Ечат свирчиња, а болните и нивните семејства носат транспаренти „Ретки сме и постоиме“, „Наше право за лек, ваша обврска“, „Здравје пред профит“, „Бидете и сојузници на нашата борба за живот“ и „Не диши, имаме други приоритети“, со кои бараат Министерството за финансии за одвои средства за набавка на лекот.

По смртта на Благојче Илиевски, еден од најгласните борци за набвак ана „трикафта“, лекот беше итно обезбеден но го добија само 12 пациенти чија состојба беше оценета како најкритична. Беа донесени и законски за олесна набавка но веќе трет месец нема известување дека лекот се набавува и за останатите болни.

Според податоците од Асоцијацијата, во земјава има околу 140 болни од цистична фиброза

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег