Утрински Весник
Магазин

Сакам да се чувствувам корисно: Харисон Форд не планира да се пензионира

Сакам да се чувствувам корисно: Харисон Форд не планира да се пензионира
Dik 300x250 mk

Холивудската легенда Харисон Форд нема намера да ја прекине својата кариера поради возраста.

dobivaj vesti na viber

80-годишниот актер сака да продолжи да работи бидејќи тоа му помага да се чувствува корисен, а и не се чувствува добро кога нема снимање на повидок.

Во разговор со водителот на „Кејбл њуз нетворк“, (Си-ен-ен), Крис Волес, на прашањето за можноста за пензионирање, тој рече: „Не ми оди добро кога немам работа.“

„Сакам да работам. Сакам да се чувствувам корисно. Сакам да бидам од помош.”

Харисон го сака интензитетот и интимноста на соработката при работа на филмски сет.

Запрашан зошто толку многу ја сака глумата, тој рече: „Тоа се луѓето со кои можете да работите. Интензитетот и интимноста на соработката, тоа е комбинирана амбиција, некако искована од зборови на страница.“

Иако Харисон можеби не планира да се повлече, тој неодамна потврди дека „Индијана Џонс и бројчаникот на судбината“ ќе бидат неговата последна авантура како археолог.

Во интервју за списанието „Тотал филм“, тој рече: „Ова е последниот филм од серијалот и ова е последен пат да го глумам ликот Инди. Предвидувам дека ќе биде последен пат Инди да се појави во филм“.

Харисон призна дека отсекогаш сакал да му даде убедлив и конечен крај на ликот.

„Отсекогаш сум сакал да го правам ова. Последно поглавје. За Индијана Џонс, сакав да го видам на крајот од неговата кариера, на крајот од патот што го воспоставивме. Ние го однесовме на дел од патот, сакав да нè однесам до крај,“ изјави Форд за „Ентертејнмент тунајт“.

Можете да прочитате

Хумус со тиква – 24info.mk

Животните навики на родителите пред бременоста влијаат врз здравјето на детето, тврдат белгиски лекари 

Мики Секуловски за инцидентот на Цеца: Можеби требаше порано да изреагирам, но не бев свесен дека се работи за знаме, кога видов веднаш го тргнав (ВИДЕО)