Утрински Весник
Македонија

Саем на универзитети „УниКомпас“ в сабота во МКЦ

Unikompas Saem Na Univerziteti.png

Оваа сабота (6 јули) во Младинскиот културен центар (МКЦ) – Скопје ќе се одржи саемот на универзитети „УниКомпас“, во организација на СтудентаријаМК – најголемата дигитална студентска заедница.

Настанот има за цел да ги опреми матурантите со увид и ресурси што им се потребни за да донесат информирани одлуки за продолжување на нивното образование и кариера.

Саемот „УниКомпас“ е единствена можност за средношколците и идни студенти на едно место да се сретнат со претставници на повеќе факултети и универзитети, да дознаат за нивните студиски програми, уписни рокови, можности за стипендии и кариера, животот на кампусите, но и да учествуваат на работилници за кариерно советување и да ги истражат различните образовни и професионални патишта кои ќе ја одредат нивната иднина.

Саемот започнува во 10:00 часот, а во програмата која ќе трае до 16:00 часот се предвидени повеќе богати и корисни содржини.

Учество ќе земат повеќе од 20 факултети од различни универзитети, кои пред матурантите ќе ги презентираат своите програми, услови и можности.

За оние средношколци кои сè уште не знаат што и каде да студираат, на настанот ќе бидат присутни професионални кариерни советници кои ќе им понудат совет и насоки за полесно да ги донесат „тешките“ одлуки. Сесиите за кариерно советување се реализираат во соработка со Националниот младински совет на Македонија (НМСМ).

Покрај ова, на „УниКомпас“ се предвидени и две работилници со психолог. Првата работилница, наменета за матурантите, е насловена „Како полесно да зачекориш во студентскиот живот?“ – целта е да се подготват матурантите за следниот чекор од нивното академско патување и предизвиците со кои би можеле да се соочат – живеење во друг град, надвор од дома, нова средина и претстојните испитни сесии.

Втората работилница е дел од „Родителското катче“на саемот и има за цел да им обезбеди на родителите и старателите вредни сознанија, стратегии и поддршка за тоа како да им помогнат на децата полесно да ја поминат оваа клучна фаза од нивните животи.

Дел од „УниКомпас“ ќе бидат и неколку компании и организации за млади/студенти, кои ќе ги претстават своите проекти и услуги, но и можностите за кариера.

Регистрацијата за учество на саемот е во тек, а сите заинтересирани средношколци, студенти и нивните родители, може да се пријават бесплатно на ОВОЈ ЛИНК.

Во соработка со општините, до Младинскиот културен центар (МКЦ) – Скопје е организиран и бесплатен превоз од неколку градови низ Македонија.

Повеќе информации за настанот, како и деталната агенда, може да се најдат ОВДЕ.

За какви било прашања, ви стоиме на располагање.

Овој настан е поддржан од Американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) во рамки на Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности, имплементирана од организацијата Унапредување на економиите за посилни заедници, во партнерство со Младински образовен форум (МОФ) и Центарот за претприемачи и развој на менаџери (CEED Hub) Скопје. Настанот се реализира со поддршка од Шпаркасе банка АД Скопје и Град Скопје.

Можете да прочитате

120.000 Македонци имаат бугарско државјанство, со документирано бугарско потекло, тврди Радев

Приведено лице од тетовско, барано по централна потерница

Приведено лице од тетовско, бил баран со централна потерница