Утрински Весник
Економија
Img 7972

Саем на мебел во Скопје под мотото „Освежи го својот дом“ 

Saem na mebel 2024 osvezhi go svo ot dom.jpg
300x250 opst2

Во тек се последните подготовки за уште една успешна саемска приказна. На 20ти март започнува Саемот на мебел со целосна понуда за сите вкусови. За Саемот на мебел резервирани се пет дена во комплексот „Борис Трајковски” и сите посетители ќе имаат можност да ги слушнат најдобрите совети и да ги изберат најуникатните парчиња мебел за освежување на нивниот дом. Следуваат денови на големи саемски попусти, голем број производители на мебел ќе се претстават со над 70 истакнати домашни и интернационални брендови.
Koнцептот и просторот за овогодинешното издание на Саем на мебел се осмислени и адаптирани по највисоки стандардиОвој Саем на посетителите ќе им овозможи искуство што не се пропушта, затоа што ќе имаат можност на едно место да го пронајдат вистинското, трендовско парче мебел за освежување на домот. Освен широка лепеза на парчиња мебел, на Саемот ќе бидат споделени уникатни и корисни совети за уредување, идеи за несекојдневни бои, насоки за одржливи материјали, како и неодоливи понуди од водечки брендови. Минатото издание на Саем на мебел пречека и услужи над 15.000 посетители и тоа беше дополнителен мотив за организаторите веднаш да започнат со подготовките за 2024 година. За месец отсега во Скопје доаѓа вистинско освежување за сите љубители на квалитетен, автентичен и трендовски мебел. Од 20.03 до 24.03 ќе се одржи Саем на мебел 2024, затоа зачувај го датумот и „Освежи го својот дом“.

Можете да прочитате

Светска банка ги зголеми проекциите за Македонија: 3,1 отсто раст во 2025 година, 3 проценти во 2026 и 3 отсто во 2027

Пад на инфлацијата во септември во однос на претходниот месец за 0,2 отсто

Направени првите трансакции преку СЕПА, за гувернерот ова е историски ден за државата