Утрински Весник
Скопје

Саем на креативни индустрии денеска во „Лабораториум“ од 10 до 18 часот

Fb Cover 6.jpg

Денеска во индустрискиот амбиент на едукативниот културен центар „Лабораториум“ се одржува Саемот на креативни индустрии, настан кој ги обединува креативците. Организиран од здружението „Балкан синема ситис“ и Унијата на македонски организации во креативните индустрии (УМПАКИ), со поддршка од Министерството за култура и туризам и Британскиот совет, саемот обединува над 50 учесници од различни креативни сектори.

Посетителите ќе можат да видат неколку неверојатни технолошки и иновативни достигнувања. Компаниите „Интетик“ и „Камај Медиа“ ќе ја претстават својата најнова видеоигра „Необичната Приказна на Брајан Фишер: Второ поглавје“, која што излезе на почеток на месецов и е достапна на Xbox, Microsoft Store и Steam, а на саемот ќе биде достапна за играње во специјално изработен простор, инспириран од необичната куќа на Брајан од видеоиграта, во којшто посетителите ќе може да влезат и во живо да решаваат интересни загатки. Истовремено, преку виртуелно патување ќе може да се доживее низ античкиот театар во Хераклеја Линкестис.

Студиото „Висион ноктурн“ од Брисел, Белгија ќе ја претстави интерактивната инсталација „Човечка трага“, која со помош на вештачка интелигенција ги мапира движењата на телото на голем екран, а пак домашните студија „Зоотроп“ и „Флатформ филм“ ќе имаат инсталација на посебен простор за виртуелно „оживување“ на историски личности за интеракција со посетителите, која се базира на вештачка интелигенција.

На саемот ќе учествуваат и Шведската амбасада со изложба за одржлива мода (Fashion.Forever), како и средни училишта, универзитети и домашни креативци, кои ќе ги претстават своите проекти, производи и иновации.

Учествуваат и Шведската амбасада во земјава со проектот „Модата засекогаш“повеќе средни училишта меѓу кои СЕТУ „Михајло Пупин“, САБА, Нова, како и Лабораторијата за производство „ФЕИТ ФабЛаб“ при Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) и Факултетот за земјоделски науки и храна кои ќе ги претстават своите иновативни машини и производи, стрип здруженијата „Парагонс комикс“ и „Макстрипови“ и стрип авторите Дамјан Михаилов и Стефан Николовски, претставници на домашни мали бизници и поединци во креативните индустрии како Столарскиот едукативен центар, Кликер ИТ центар за деца, Партизанска штампа, и многу други, како и „Лаб дизајн маркетот“ со 14 локални брендови, сите обединети со заедничка посветеност на богатата традиција на македонската изработка, и многу повеќе.

Покрај изложбите и инсталациите, ќе се одржат и едукативни работилници за стрип за основци и средношколци, како и преавања за средношколци во соработка со Универзитетот „Еуропа Прима“.

Саемот, со својот едукативен карактер, е идеална можност за младите да се инспирираат, научат и откријат нови хоризонти во креативните индустрии. Влезот е бесплатен.

Можете да прочитате

Приватните автобуси повторно на скопските улици, Владата очекува до следната грејна сезона нови електрични автобуси

Без струја утре делови од Аеродром и Гази Баба

До следната летна или есенска сезона нови 100 до 120 електрични автобуси за јавен градски превоз, очекува Мицкоски