Утрински Весник
Економија

Саем на електромобили во Ист Гејт Мол

Саем на електромобили во Ист Гејт Мол
Dik 300x250 mk

Во Ист Гејт Мол oд 12 до 16 октомври – ќе се реализира првиот саем на електромобили под мотото „Возиме на струја“!

dobivaj vesti na viber

Сите љубители на автомобили и посетители на Ист Гејт Мол ќе може да ги погледнат изложените модели на електричен погон и како и хибриди и да се зaпознаат со нивните предности за да се создаде подобра и поеколошка иднина.

Електромобилите од брендовите на Tesla, Alfa Romeo, Fiat, Porsche, Citroen, MG Motors, Toyota, Volkswagen, Opel Corsa, Seres и Yoyo, ќе бидат изложени на различни места во центарот на приземје.

Покрај електромобилите ќе бидат изложени и други типови електрични возила и превозни средства: електрични машини за чистење од Green Machines, електрични велосипеди и електрични мопеди од All electrics, како и првото електрично „фиќо“ во земјава, иновација поддржана од Фондот за иновации и технолошки развој и BB Classic.

За време на саемот посетителите ќе можат да ги погледнат и полначите за електрични автомобили на „Olympia Motors”.

Саемот на електромобили е отворен за сите од 10:00 до 22:00, паркингот е бесплатен, а имателите на автомобили ќе можат да добијат попусти и специјални понуди од Мотоцентар, Мега перална, Мега продавница за автоделови и Кар Бокс авто козметика.

Партнер на саемот е „Автоплус“, а целата манифестација е поддржана од покровителот Шпаркасе Лизинг, партнерот НЛБ Банка АД Скопје, а присутна е и ПроКредит Банка Македонија, кои ќе ги презентираат финансиските услуги за набавка на овој тип на автомобили.

Една од стратешките определби на Ист Гејт Мол е заложбата за почист град, почиста животна средина и поеколошка иднина, и ова е дел од активностите кои Ист Гејт Мол ќе ги реализира во иднина.

ПР

Можете да прочитате

Цената на златото во октомври достигна историски рекорд од 4.380 долари за унца

ОКТА со зголемени приходи за 20% споредено со лани

Божиновска со интензивна дипломатска агенда и билатерални средби на IFESD-14