
Американскиот државен секретар Марко Рубио соопшти дека денеска започнуваат технички разговори меѓу САД, Данска и Гренланд, во врска со интересот на претседателот Доналд Трамп за данската територија.
Тој оцени дека процесот е професионален, ќе се спроведува без прекумерно медиумско внимание и има за цел позитивен исход за сите страни. Рубио додаде дека интересот на Трамп за Гренланд е прашање на национална безбедност, но истакна дека нема да се користи воена сила, и покрај загриженоста на пратениците од двете партии поради реториката на претседателот.

