Утрински Весник
Свет

САД воведе санкции за над 100 луѓе и компании поради поддршката на руската инвазија на Украина

Блинкен: Путин ја почна оваа нелегална војна и има моќ да ја прекине

Соединетите држави воведоа санкции за десетици луѓе и субјекти за поддршка на руската инвазија на Украина. Меѓу нив се и приватна воена компанија, кинеска компанија и субјекти поврзани со Росатом, руската државна нуклеарна компанија.

dobivaj vesti na viber

Санкциите се однесуваат на повеќе од 120 субјекти и поединци во повеќе од 20 земји, вклучително и оние кои помагаат да се заобиколат санкциите, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Министерството за финансии објави дека вовеле санкции за руски финансиски експерти и оние кои овозможуваат избегнување на санкциите ширум светот, вклучително и Турција, Унгарија, Обединетите Арапски Емирати и поединци и компании во Кина.

„САД ќе продолжат да преземаат акции против Русија и оние кои ја помагаат нејзината војна во Украина, вклучително и со натамошна имплементација на заложбата на Г7 за наметнување силни последици врз актерите од трети земји кои ја поддржуваат руската војна во Украина“, рече Блинкен.

Меѓу санкционираните е и приватната воена компанија „Патриот“, која Стејт департментот ја поврза со рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу и платеничката група „Вагнер“.

 

Можете да прочитате

Над 160 лица загинаа во поплавите во Азија

Европол заплени осум милиони штетни играчки

САД трајно ќе ја запрат имиграцијата од „земјите од третиот свет, најави Трамп