Утрински Весник
Македонија

САД во ОН со нацрт-резолуција бараат итен прекин на огнот во Газа

Images 5.jpg

САД ја проширија нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации во која повикуваат на „итен прекин на огнот во врска со ослободувањето на заложниците во Појасот Газа“, изјави американскиот државен секретар Антониј. Блинкен за време на турнејата на Блискиот Исток, која ќе опфати и посета на Израел. САД, клучниот сојузник на Израел, претходно стави вето на резолуциите на Советот за безбедност за Газа. Последниот случај беше во февруари, кога Вашингтон се спротивстави на употребата на зборот „веднаш“ во нацртот поднесен од Алжир. Меѓутоа, во последниве недели, Вашингтон го засили притисокот врз Израел, инсистирајќи на тоа дека Хамас – палестинска група прогласена за терористичка организација од САД и Европската унија – мора веднаш да ги ослободи заложниците земени за време на нападот на 7 октомври во јужен Израел.

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор