Утрински Весник
Свет

САД со рекордна продажба на оружје во 2023 година од 238 милијарди долари

D0b2d0be D0b3d0b5d180d0bcd0b0d0bdd0b8d198d0b0 D0b4d0b5d0bdd0b5d181d0bad0b0 D181d0b5 D0bed0b4d180d0b6d183d0b2d0b0 D180d0b0d0bcd188 63ca6cce7883e.jpeg

Продажбата на американско оружје во странство минатата година нагло порасна и достигна рекордни 238 милијарди долари, јави Би-Би-Си.

Американската влада директно преговарала за продажба на оружје во вредност од 81 милијарда долари, што е зголемување од 56 отсто во споредба со 2022 година, потврди Стејт департментот. Останатото било директна продажба на американски воени компании на странски земји.

Полска, која сака да ги прошири своите воени капацитети, е меѓу најголемите купувачи на американско оружје. Земјата купила хеликоптери Апачи за 12 милијарди долари и платила 10 милијарди долари за ракетни системи со голема подвижност (Химарс) и 3,75 милијарди долари за тенкови М1А1 Абрамс, се наведува во фискалниот извештај на американската влада. Полска исто така потрошила четири милијарди долари за интегрирани командни системи за воздушна и противракетна одбрана.

Германија потрошила 8,5 милијарди долари за хеликоптери Чинук, Бугарија платила 1,5 милијарди долари за оклопни возила „Страјкер“, Норвешка купила хеликоптери за повеќе мисии во вредност од една милијарда долари, а Чешка купила авиони Ф-35 и муниција во вредност од 5,6 милијарди долари.

„Трансферот на оружје и одбранбената трговија се важни алатки на надворешната политика на САД со потенцијални долгорочни импликации за регионалната и глобалната безбедност“, се вели во годишниот извештај на Стејт департментот.

Продажбата на американско оружје е зголемена бидејќи многу земји се откажаа од руското оружје, иако Русија со децении е втор најголем продавач на оружје по САД, изјави шефот на Одделот за трговија со оружје.

Можете да прочитате

Зеленски верува дека војната ќе заврши во 2025 година

Путин потпиша закон за отпис на кредитни долгови за учесниците во специјалната воена операција

33.000 домаќинства во Франција останаа без струја поради невреме