Утрински Весник
Свет

САД: Републиканците усвоија предлог-закон за санкционирање на МКС поради барањето за апсење на Нетанјаху

20240605075411 Big 730x400 62.webp.webp

Претставничкиот дом на САД усвои Предлог-закон за санкционирање на Меѓународниот кривичен суд (МКС) како одговор на барањето на главниот обвинител на МКС да издаде налози за апсење на високи израелски функционери, вклучително и премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Предлог-законот, кој го претставија републиканците Чип Рој и Брајан Маст, беше усвоен со 247 гласа „за“ и 155 гласа „против“, при што речиси сите републикански пратеници беа за предлог-законот, на кои им се приклучија и 42-ца демократски пратеници, јави „Фокс њуз“.

Сите 155 гласови против нацрт-законот беа од демократите.

Можете да прочитате

За денеска низ САД најавени масовни протести против Трамп

Голем антидесничарски протест во Лондон

Еден месец од нападот врз Иран, до каде се целите на Трамп?