Утрински Весник
Свет

САД почнаа да ги евакуираат своите граѓани од Хаити со хеликоптер

Picture 986 660x487 1.jpg

Американскиот Стејт департмент соопшти дека во врска со ескалацијата на насилството на Хаити, американските хеликоптери вчера започнале со чартер летови за евакуација на американските граѓани од главниот град Порт-о-Пренс, при што првиот лет превезувал повеќе од 15 луѓе во Доминиканската Република, објавија британските медиуми. Според портпаролот на Стејт департментот, хеликоптерите ќе овозможат евакуација на повеќе од 30 американски граѓани дневно. Премиерот на Хаити, Ариел Хенри минатата недела објави дека ќе поднесе оставка, но привремениот претседателски совет допрва треба да биде назначен според планот поддржан од карипските нации и Вашингтон. Тешко вооружени групи зазедоа голем дел од главниот град, а групите за човекови права и активисти пријавија масовни убиства, киднапирања и сексуално насилство. Според проценките на ОН, повеќе од 360 илјади луѓе се внатрешно раселени. Ведант Пател, заменик портпарол на Стејт департментот, рече дека речиси 1.600 Американци пополниле онлајн формулар со барање информации за опциите за напуштање на Хаити, но дека не сите од нив побарале помош во таа насока. Некои американски граѓани бараа општи безбедносни информации, објасни Пател. Во неделата Вашингтон организираше чартер лет за евакуација меѓу градот Кап Ајтиен и Мајами.

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење