Утрински Весник
Свет

САД отвораат ракетна база во Полска

Awc5foiyaou9vcladotc.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

САД денеска официјално отвораат нова база за противракетна одбрана во северна Полска во услови кога Варшава се обидува да ги увери своите граѓани дека НАТО ја гарантира нивната безбедност.

Стравувањата за безбедноста наводно пораснале по победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД.

Сместена во градот Реџиково на балтичкиот брег на земјата, базата е изградена од почетокот на векот, а Варшава вели дека ја симболизира силата на нејзиниот воен сојуз со Вашингтон, без разлика кој е во Белата куќа.

– Потребно беше време, но локацијата ја докажува геостратешката определба на САД, напиша Синоќа на Х полскиот министер за надворешни работи Радослав Шикорски.

– Полско-американскиот сојуз е силен, без разлика кој е на власт во Вашингтон и Варшава, додаде тој.

Конзервативниот полски претседател Анджеј Дуда, кој ги истакна добрите односи со Трамп, ќе присуствува на денешната церемонија за отворање на базата.

Можете да прочитате

САД повторно пресретнаа брод кај брегот на Венецуела

Сан Франциско постепено ја враќа струјата по големиот прекин

Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија