Американската војска нанела неколку удари врз 75 цели на „Исламска држава“ во Сирија за да ги спречи терористите да ја искористат нестабилноста во земјата, изјавија синоќа од Централата команда на вооружените сили на САД (ЦЕНТКОМ).
-Силите на ЦЕНТКОМ на 8 декември нанесоа неколку десетици прецизни воздушни удари со цел уништување на камповите на милитантите на ИД, се вели во соопштението објавено на „Икс“.
Во текот на операцијата биле нанесени удари по над 75 цели со активирани (стратешки бомбардери) Б-52, (ловците) Ф-15 и (јуришните воздухоплови) А-10.
Во соопштението се додава дека ударите се нанесени „да се оневозможат операции на терористичките групации и да се гарантира дека ИД нема да се обиде да ја искористи тековната ситуација во земјата во своја полза “.
Членовите на опозициските вооружени групи на 27 ноември започнаа напади врз позициите на владините сили во провинциите Алепо и Идлиб.
До викендот, тие успееја да заземат неколку градови, а вчера наутро влегоа во Дамаск, по што воените сили кои се потчинуваа на претседателот Башар Асад се повлекоа од престолнината.
Асад истo така ја напушти земјата и според некои извештаи сега се наоѓа во Москва.