Американската влада ќе испрати дополнителна воена помош во вредност од три милијарди долари за Украина, што е најголемиот единствен пакет помош досега, изјави портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер.
Жан Пјер најави дека во текот на ноќта ќе бидат објавени информации за содржината на пакетот за воена помош.
Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, тогаш објави дека станува збор за воена помош од 3,75 милијарди долари за Украина и другите земји погодени од руската инвазија. Во соопштението за медиумите, објасни дека оружјето и воената опрема за Украина првенствено вклучуваат пешадиски борбени возила Бредли, артилериски системи, оклопни транспортери, ракети земја-воздух и муниција.
Ова веќе го соопшти претседателот Џо Бајден во телефонски разговор со германскиот канцелар Олаф Шолц во четвртокот.
Во заедничката изјава по разговорите, Соединетите држави соопштија дека на Украина ќе и дадат борбени возила на пешадијата Бредли, додека Германија ќе обезбеди борбени возила Мардер. Бредли „не е тенк, тоа е убиец на тенкови“, изјави во четвртокот портпаролот на Пентагон, генерал Рајдер. „Убедени сме дека тоа ќе им помогне (на украинските сили) многу на бојното поле“, додаде тој.