Утрински Весник
Свет

САД, Иран и медијаторите разговараат за 45-дневно примирје?

Usa iran.webp.webp

САД, Иран и група регионални медијатори разговараат за условите за потенцијален 45-дневен прекин на огнот што би можел да доведе до траен крај на војната, објави вчера „Аксиос“, повикувајќи се на четири американски, израелски и регионални извори запознаени со разговорите.

Ројтерс не можеше да ја потврди веста, бидејќи Белата куќа и американскиот Стејт департмент не одговорија веднаш на барањата за коментар.


Според „Аксиос“, медијаторите разговараат за условите на двофазен договор, при што првата фаза е потенцијален 45-дневен прекин на огнот во текот на кој би се преговарало за траен крај на војната. Втората фаза би била договор за завршување на војната.

Исто така, се наведува дека прекинот на огнот би можел да се продолжи доколку е потребно дополнително време за разговори. Американскиот претседател Доналд Трамп вчера за „Волстрит џурнал“ изјави дека во вторник вечерта е неговиот рок за Иран да го отвори Ормутскиот теснец или да се соочи со напади врз критичната инфраструктура.

„Ако не сторат нешто до вторник навечер, нема да имаат повеќе електрани и нема да имаат повеќе мостови“, изјави Трамп за „Џурнал

Можете да прочитате

Трамп сака да го зголеми воениот буџет за 500 милијарди долари, скратува сè друго

Орбан отиде на границата со Србија да го провери гасоводот

Руска армија: За три часа соборивме 148 украински дронови