Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

САД ќе издвојат 30 милиони долари помош за Пакистан

САД ќе издвојат 30 милиони долари помош за Пакистан
Img 7972

САД најавија дополнителни 30 милиони долари помош за жртвите од неодамнешните поплави кои раселија стотици илјади луѓе низ Пакистан.

dobivaj vesti na viber

Повеќе од 1.700 луѓе загинаа од средината на јуни.

„ Помошта беше објавена од американскиот амбасадор во Пакистан, Доналд Блум, за време на посетата на поплавените подрачја во јужната провинција Синд, најтешко погодениот регион“, соопшти денеска канцеларијата на пакистанскиот премиер, јавува новинската агенција Анадолија.

Вкупната помош на Вашингтон за Пакистан за одговор по поплавите, храна, одговор при катастрофи и други ставки сега изнесува 97 милиони долари. Амбасадата на САД соопшти дека со дополнителните средства ќе се зголеми помошта за најранливите заедници и ќе се овозможи американската агенција за меѓународен развој да допре до повеќе од четири милиони луѓе.

Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф му се заблагодари на Вашингтон за најновата хуманитарна помош, истакнувајќи дека предизвиците со храна, здравје и засолниште остануваат додека се наближува зимата.

Тој ја повика меѓународната заедница брзо да придонесе во апелот на Обединетите нации за помош од 816 милиони долари за да се олесни уништувањето предизвикано од големите поплави.

Можете да прочитате

Пронајдено е телото на еден од тројцата хрватски планинари изгубени во Словенечките Алпи: Потрагата е прекината до утре

Околу 1000 луѓе заглавени на падините на Монт Еверест поради снежна бура

Лавина во Словенија, исчезнати се тројца хрватски планинари