Утрински Весник
Свет

САД дќе му продадат муниција на Израел во вредност од 510 милиони долари

Gaza.jpg

Стејт департментот вчера донесе одлука да и одобри на израелската Влада можна продажба на комплети за наводувачка муниција, поддршка на муниција и сродна опрема по проценета цена од 510 милиони долари.

Агенцијата за соработка во одбраната и безбедноста го издаде потребниот сертификат со кој го информира Конгресот, се наведува на веб-страницата на агенцијата.


Израелската влада побара купување на 3.845 комплети за наведување на муницијата за заеднички директен напад и 3.280 комплети за наведување на тело од бомба MK 82.

Дополнително, во купувањето ќе бидат вклучени инженерска, логистичка и техничка поддршка за американската влада и изведувачите, како и други поврзани елементи на логистика и програмска поддршка.

„САД се посветени на безбедноста на Израел и од витално значење е за националниот интерес на САД да му помогнат на Израел да развие и одржи силен и подготвен капацитет за самоодбрана. Оваа предложена продажба е во согласност со тие цели“, се наведува на веб-страницата на агенцијата.

Предложената продажба треба да ја подобри способноста на Израел да се соочи со сегашните и идните закани преку подобрување на способноста на земјата да ги брани своите граници, клучната инфраструктура и населбите.

Можете да прочитате

Во Холандија се зголемува бројот на пациенти кои преживуваат рак

Трамп потпиша извршна наредба за укинување на санкциите врз Сирија

Европа „под вршник“ – во Португалија измерени 46,6 степени