Утрински Весник
Свет

САД бараат од Романија да користи бази за воени операции во Иран

Usa.webp.webp

Романскиот претседател свика состанок за да се донесе одлука дали САД ќе има пристап до романскиоте воени бази.

На својот прв состанок оваа година, советот ќе ги разгледа безбедносните импликации од конфликтот на Блискиот Исток, неговото влијание врз енергетскиот пазар на Романија, како и можноста за привремено распоредување воени капацитети на романска територија.


Барањето на Вашингтон се однесува на користењето на воздухопловната база „Михаил Когалничеану“.

Во меѓувреме, некои земји-членки на Европската унија, како што се Франција, Грција и Италија, испратија воени бродови на Кипар откако беспилотни летала од иранско производство погодија британска воена база на островот, додека други земји дозволуваат користење на нивните воени објекти.

Околу 1.000 американски војници сè уште се стационирани во Романија, додека постојаното сојузничко присуство изнесува околу 3.500 војници на НАТО, вклучувајќи ги и американските сили.

Романија дели копнена граница од околу 650 километри со Украина, каде што за време на конфликтот руски беспилотни летала ја преминале територијата кон Киев, додека мините во Црното Море влијаеле на важни трговски и енергетски патишта.

Воздухопловната база „Михаил Когалничеану“ во Романија е една од најважните воени бази на НАТО во Источна Европа. Се наоѓа во близина на градот Констанца, на брегот на Црното Море во Романија. Првично била романска воена база, но ја користат и силите на НАТО и САД. Базата служи како логистички и оперативен центар за операции во регионот.

Можете да прочитате

(ВИДЕО) Хаос во летот, авионот ги изгуби тркалата: Слетувањето беше драматично

Трамп: Војната ќе заврши кога и да посакам

Ирак: Нема да дозволиме ниту Иран ниту САД да извршуваат напади од наша територија