
Портпаролот на изборниот штаб на коалицијата VLEN за општина Чаир, Сабри Азири, денеска на прес-конференција повторно упати обвинувања кон кандидатот на АКИ за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, во врска со неговите последни изјави и негирањето на она што се случи во случајот „Монструм“.
”Постојат луѓе кои мислат дека меморијата на еден народ е кратка, дека болката се заборава, дека неправдите се покриваат со прашина и дека по секој изборен циклус можат повторно да се појават како спасители. Но овојпат не поминува и не е може така. Во една нормална држава, по сè што се случи со случајот „Монструм“, Бујар Османи одамна ќе се повлечеше од политиката и јавно ќе побараше прошка и извинување. Но, наместо тоа, тој повторно излегува пред вас и бара гласови, овојпат за да го води Чаир. Да, Чаир! Истиот тој Чаир каде што живеат семејствата кои ја почувствуваа тежината на неправдата што тој ја одобри, истиот Чаир каде што мајките плачеа за своите невини синови, додека тој, тогаш како портпарол на ДУИ, настапуваше на телевизија и изјавуваше: „Врз основа на доказите, ние го одобривме апсењето на семејствата“. Кои докази, господине Османи? Кој ви ги дал? И според кој закон можете политички да „одобрувате“ судски постапки?”, прашуваше денес портпаролот Азири.
Според Азири, како може да се бара гласот на граѓаните на Чаир кога никогаш не им е побарана прошка на скопските семејства што беа прогласени за „монструми“.
”А денес, кога новинарите ве прашуваат за тоа време, вие велите „Не бев министер, бев доктор во клиника“. Но јавноста добро знае дека тогаш не бевте само доктор туку бевте портпарол на ДУИ. А тоа значи дека не бевте обичен граѓанин, туку гласот на власта што го оправдуваше монструозниот процес. Не требаше да бидете министер за да имате одговорност доволно беше да зборувате во име на оние што ја бранеа неправдата. Логично прашање: Oд сите Албанци во Македонија, од сите функционери во Македонија зошто баш вие бевте миленикот кој одобруваше апсење на невини албанци? И сега, истиот човек повторно се појавува во Чаир, со говори за еднаквост, достоинство и против корупцијата. Но достоинството не се мери со говори, господине Османи. Достоинството започнува со каење. А вие, цели тринаесет години, не најдовте ниту храброст ниту човечност да побарате прошка. И ако навистина имате храброст да зборувате за правда пред граѓаните на Чаир, тогаш кажете им како токму како заменик-премиер успеавте вашето име да исчезне од предметот „Пациент“? Случај во кој името на Бујар Османи, кое првично се спомнуваше во предметот, одеднаш исчезна, како некој намерно да го избришал за да ја награди тишината во вистинскиот момент”, истакна Азири.
Понатаму, Азири рече дека Чаир е симбол на албанското достоинство, а не трамплин за политичка кариера.
”На првата моја прес-конференција зборував како во четири часот наутро специјалците упаднаа во нашата куќа без судски налог, како нè одведоа без причина и потоа бараа „правна покривка“ затоа што влегле во погрешна куќа. На втората, ве потсетив дека истиот човек што денес зборува за достоинство од тогаш кога одобрил апсење на невини албанци почна да му цветa политичката кариера. Како можете да барате гласови од граѓаните на Чаир кога никогаш не сте побарале прошка од семејствата на Скопје који што беа прогласени за „монструми“? Како можете да зборувате за правда кога бевте дел од неправдата? Како можете да барате доверба кога молчевте за вистината? Чаир е симбол на албанското достоинство, не отскочна даска за политичка кариера. Затоа, господине Османи, ова не е само политичка трка ова е испит на совеста. Зашто никој што не побарал прошка за неправдата не може да бара гласови во име на правдата. Чаирчани добро ја знаат разликата меѓу збор и дело. Знае кој молчеше кога требаше да зборува и кој зборува денес кога одамна требаше да замолчи. И овојпат, одговорот ќе дојде од граѓаните, со една едноставна, но праведна реченица: Доста беше, нема гласови за тие кои што од позиција на моќ ги казнија и им наштетија на албанците”, рече за крај Азири.