Утрински Весник
Спорт

Сабаленка влезе во историјата го освои Саншајн Дабл

Image 2026 03 29 090753870.png

Арина Сабаленка го освои Мастерсот во Мајами и успеа да постигне еден од од најтешките подвизи во тенисот – Саншајн Дабл. Белорусинката ги освои Индијан Велс и Мајами во рок од две недели, а загуби само два сета на двата турнира.

Со овој успех, Сабаленка стана петтата тенисерка во историјата со ваков подвиг. Tаа им се приклучи на Штефи Граф, Ким Клајстерс, Викторија Азаренка и Ига Швионтек.


Во финалето, во Мајами, Сабаленка ја победи Гоф со 2:1 ( 6:2, 4:6, 6:4 ), за нешто повеќе од два часа игра.

Белорусинката доминираше во првиот сет, играше речиси без грешка, додека Американката не можеше да најде ритам. Се чинеше дека мечот брзо ќе заврши, но во вториот сет се случи пресврт. Сабаленка пропушти неколку можности за брејк на 2:2 и 3:3, што Гоф го казни, буквално од никаде направи брејк, а потоа и го освои сетот. Во решавачкиот сет, искуството пресуди. Сабаленка веднаш направи брејк, го контролираше мечот и ја задржа предноста до самиот крај, а потоа стави крај на финалето со уште еден брејк и испиша историја.

Вечерва на програмата е машкото финале меѓу Јаник Синер и Јиржи Лехечка. 

Можете да прочитате

Кими Антонели победник на трката за Големата награда на Јапонија

Претседател на македонски фудбалски клуб фатен со шверцувано злато во Турција

Иранските спортисти добија забрана за патување во „непријателски земји“