Утрински Весник
Спорт

Сабаленка и Касаткина се пласираа на завршниот мастерс

Сабаленка и Касаткина се пласираа на завршниот мастерс

Арина Сабаленка и Дарија Касаткина ќе играат на завршниот турнир во сезоната, ВТА финалето во Форт Ворт.
Викторија Азаренка, на турнирот во Гвадалахара, со победата над Медисон Киз, 6:4, 6:7 (4), 6:1, и овозможи на двете тенисерки да се пласираат на завршниот мастерс.

dobivaj vesti na viber

За финалето во Форт Ворт, остана уште едно празно место. Покрај Забаленка и Касаткина, претходно пласман на турнирот изборија Ига Швонтек, Онс Жабур, Џесика Пегула, Коко Гоф и Каролина Гарсија.

Касаткина подоцна излезе на теренот во Гвадалахара и загуби од својата сонародничка Ана Калинскаја со 6:2, 2:6, 6:3.

Во четвртфиналето на турнирот во мексиканскиот град се пласираше и Марија Сакари која ја совлада Американката Даниел Колинс со 5:7, 6:3, 6:3.

Доколку победи на следниот меч против Вероника Кудерметова, Сакари ќе пласира на завршниот ВТА мастерс. се најде и во најдобрите осум конкуренција на сезоната.

Во четвртфиналето на турнирот во Гвадалахара ќе играат: Азаренка – Гоф, Пегула – Стивенс, Кудерметова – Сакари и Калинскаја – Бузкова.

Можете да прочитате

Македонските кошаркарки ја пречекуваат Хрватска во последното коло од квалификациите за ЕП 2027

Над 1.000 македонски навивачи ќе ја бодрат репрезентацијата во Копенхаген

На 18 април стартува новата сезона на Шампионатот во рели со историски возила