Утрински Весник
Свет

„Сабах: Турција би можела да го блокира пристапот до Телеграм

Telegram.webp.webp

Турција би можела да го блокира пристапот до социјалната мрежа Телеграм бидејќи, како што е утврдено според прелиминарните податоци, преку каналот се продава дрога и се промовира проституција и коцкање, пишува турскиот весник Сабах, повикувајќи се на извори во владините структури.

„Апликацијата Телеграм што нашироко се користи во Турција, стана „криминално мочуриште“. Познато е дека дрогата слободно се продава преку каналите отворени на Телеграм, а се промовираат проституција, коцкање и педофилски видеа“, пишува турскиот весник.

Според „Сабах“, турската Управа за информатички и комуникациски технологии (БТК) испратила повеќе од илјада писма до седиштето на Телеграм во Обединетото Кралство, барајќи од нив да ги затворат каналите, но не добиле одговор.

„Кажано е дека доколку Телеграм за кусо време не преземе мерки против овие канали пристапот може да биде блокиран“, се наведува во соопштението.

Турските власти на 2 август го блокираа пристапот до Инстаграм.

Министерот за транспорт и инфраструктура Абдулкадир Уралоглу вчера изјави дека пристапот до оваа социјална мрежа на компанијата Мета е повторно воспоставен по преговорите и ветувањата дадени од неа.

Можете да прочитате

Еден месец од нападот врз Иран, до каде се целите на Трамп?

Финска ќе проверува дали американското оружје платено од НАТО стигнува до Украина

Иранскиот претседател се закани со „разорен одговор“