Утрински Весник
Македонија

Сајкоски: Глас за Силјановска е поддршка за Македонија

Bitola 9 08042024.jpg

На Битола и на Македонија им се потребни промени. Македонија и вашиот град со својата посебност заслужуваат да бидат претставувани од човек како нашиот кандидат за претседател Гордана Силјановска Давкова, изјави Ѓорѓија Сајкоски, носител на листа за пратеници од изборна единица 5 на вечерашниот митинг во Битола.
Сајкоски додаде дека Силјановска е професионалец со извонредни достигнувања.
„Таа е член на Венецијанската комисија, еден од најактивните пратеници. Во политиката таа е борец за право и правда. Потребно е претседателот да биде со народот кој ќе се стреми кон национално единство, а таа постојано говори и се заложува за истото”, кажа Сајкоски.Според Сајкоски потребно е единство прво да се постигне дома во државава, а потоа да бараме и другите да не почитуваат.
„Огромен број на сериозни проекти има партијата. Силјановска е гаранција дека можеме да ја побараме поддршката од вас за реализација на истите” додаде Сајкоски.
Сајкоски вети дека и ние и професорката ќе сме чести гости работно тука во Битола и ќе се создава перспектива за градот.
„За да бидеме целосно успешни ќе ни треба лидер, ни треба претседател како Силјановска, но ни треба и добар премиер како господинот Мицкоски зошто нашите планови се сериозни”, изјави Сајкоски.Сајкоски на крајот од обраќањето ја побара поддршката од граѓаните на Битола на претстојните избори. 

„Ја бараме вашата доверба поддршка и глас. Тие ќе се помош во борбата за подобра Македонија. Глас за Силјановска е поддршка за Македонија. Глас за ВМРО-ДПМНЕ е поддршка за Македонија”, порача Сајкоски.

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!