Утрински Весник
Свет

Руте: ЕУ не треба да се одвои од САД во однос на одбраната

Mark Rute.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Марк Руте, генералниот секретар на НАТО, смета дека ЕУ не треба да биде целосно независна од САД во однос на одбранбените прашања.

САД, посочи генсекот на Алијансата во неодамнешно интревју за ДПА, очекуваат Европа да преземе поголема одговорност и да троши повеќе пари за одбрана.

„Апсолутно сум убеден дека САД целосно инвестираат во НАТО. Нема сомнение. Имаше едно големо очекување. Всушност, ние трошиме повеќе, Европа презема поголема одговорност“, рече Руте. Меѓутоа, на крајот, стануваше збор за тоа да се направи ова заедно со САД, рече тој.

Поранешниот холандски премиер посочи на самитот на НАТО во јуни во Хаг, каде што сите сојузници се согласија да ги зголемат трошоците поврзани со одбраната на пет отсто од бруто домашниот производ (БДП) до 2035 година.

„Мислам дека тоа е сè уште една од најголемите победи на претседателот Трамп во надворешната политика, пет отсто, јасната посветеност за производство на повеќе“, рече Руте, пренесе ДПА.

Манфред Вебер, лидер на конзервативната Европска народна партија (ЕПП), најголемата група во Европскиот парламент, повика ЕУ да еволуира во „европско НАТО“, тврдејќи дека таа повеќе не може да се потпре на САД без ограничување.

Иако го пофали Вебер, Руте рече дека има поинаков став. „Да не заборавиме дека кога станува збор за Европа (и) НАТО, има повеќе од ЕУ“, рече Руте.

Иако ја призна важноста на ЕУ, Руте истакна дека 23-те земји-членки на ЕУ во рамките на НАТО сочинуваат само околу една четвртина од вкупното економско производство на Алијансата.

„Седумдесет и пет проценти се сè уште надвор од ЕУ“, рече тој, осврнувајќи се на членките на НАТО како што се Велика Британија, Норвешка, Канада и САД.

Можете да прочитате

Турција ја зголемува минималната плата

Зеленски наскоро ќе се сретне со Трамп

Еруптираше вулканот Калауела – 24info.mk