Утрински Весник
Македонија

Рустеми: Пред 30 години, кога бев студент од Тетово, до Тирана патувавме 12-14 часа, во 2028 овој пат ќе се вози за два часа

Рустеми: Пред 30 години, кога бев студент од Тетово, до Тирана патувавме 12-14 часа, во 2028 овој пат ќе се вози за два часа

Почетокот на изградбата на делницата Тетово – Гостивар од Коридорот 8 го потсети директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми на неговите студентски денови во Тирана. Додека во публиката седеа премиерот Димитар Ковачевски, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, американската амбасадорка Анџела Агелер, лидерот на ДУИ Али Ахмети, претседателот на Собранието Талат Џафери, претставници од конзорциумот „Бехтел и енка“ како и многу други политичари и претсавнци на различни компании, Рустеми од говорница на бина опиша како се чувствува.

dobivaj vesti na viber

„Сакам со вас да го споделам чувството на кое што се сетив што го имав пред 30 години, тогаш која јас бев студент во Тирана. Заедно со другите студенти, мои пријатели, патувавме од Тетово до Тирана 12 до 14 часа. Денеска овој пат ќе го изодиме за пет или шест часа. Потпишување на овој договор за мене претставува огромно задоволство бидејќи во 2028 година овој пат ќе се извози за само два часа“, рече директорот Рустеми.

Тој очекува за четири години и шест месеци „Бехтел и енка“ да изградат 110 километри патишта со што Македонија ќе стане вистинска раскрсница во регионот.

И за премиерот Димитар Ковачевски на сличен начин го опиша значењето на Коридорот 8.

„Првпат како држава се поврзуваме исток-запад и добиваме излез на две нови пристаништа, Драч и Бургас. Ако досега државата беше кружен тек, сега станува вистинска раскрсница на Балканот“, рече премиерот Ковачевски.

Според него оваа Влада не се занимава со калкулации со ситни политички поени туку ги решава крупните проблеми напластени со децении кои се за јавне интерес.

По говорите, премиерот Ковачевски и амбасадорката Агелер открија информативна табла за камен – темелникот на Коридотот 8.

На свеченоста за почеток на изградбата на Коридор 8 зборуваше и американската амбасадорка Анџела Агелер. Таа на македонски јазик рече дека ова е посебен ден за Македонија и дека се чувствува почестена што е дел токму од таа пригода.

„Ова е повеќе од едена обична инвестиција во патишта, ова е инвестиција во иднината на Македонија и на сите земји поврзани со Коридор 8“, рече амбасадорката Агелер.

На свеченоста зборуваше и лидерот на ДУИ и претеник во Собранието Али Ахмети.

„Да поставиш мостови меѓу цел Балкан е многу благородна работа. Ова е чудото. Сакам да им честитам и да им посакам здравје и успеси на ‘Бехтел и енка’ што побрзо да се заврши нивната програма според нивната агенда“, тече Ахмети.

По говорите, премиерот Ковачевски и амбасадорката Агелер открија информативна табла за камен – темелникот на Коридотот 8.

Делницата Тетово – Гостивар е долга 17, 5 километри, а според најавите нејзината изградба ќе чини 125 милиони евра. Таа е само една од четирите делници со вкупна должина од 110 километри кои „Бехтел и енка“ треба да ги изградат за 1,3 милијарди евра во рок од четири години. Останатите три делници се Гостивар – Букојчани, Требениште – Струга – Ќафасан и Прилеп – Битола.

Можете да прочитате

Коцевски му одговори на Мицкоски: Обвинител имаше вирус, но потоа одржа состаноци со полицијата

Одреден осумдневен притвор за тројца од вчерашните настани каде беше сквернавено државното знаме

(Видео) Аерозагадувањето е темата на новата епизода од подкастот ЗРАК со д-р Мариа