Утрински Весник
Македонија

Русковска повторно се кандидира за шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал

Русковска повторно се кандидира за шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал

Вилма Русковска дала исказ како осомничена во скопското Обвинителство по пријавата од ексдиректорот на Финансиската полиција, Арафат Муареми. Таа смета дека оваа постапка за неа е притисок и порака до обвинителите да внимаваат кон кого поведуваат постапки. Предметот е во фаза на истрага, додаде суспендираната шефица.

dobivaj vesti na viber

„Бев сослушана во својство на осомничена. На постапката гледам како притисок, со воведување на дисциплинската постапка, поднесената кривична пријава“, рече Русковска.

Таа очекува да се отфрли пријавата против неа. Не ги видела доказите, не знае што има против неа во скопското Обвинителство.

„Кон мене порано имаше закани и притисоци од поранешна власт“, рече Русковска, без да каже која година било тоа.

„Бидејќи сум суспендирана, не сум обрнала внимание на заканите“, додаде Русковска и додаде: „Не сум ги пријавила заканите, сметав дека нема потреба“.

Таа конкурирала на новиот конкурс за избор на шеф на ОЈО ГОКК.

„Да, вчера поднесов пријава, очекувам поддршка“, додаде Русковска.

Можете да прочитате

Левица: Јаневска нема решение за превозот на студентите

Се обиделе да извршат полово дејствие врз него со тврд предмет: Малолетник нападнат од соученици

Отежнат товарниот сообраќај на граничниот премин Табановце