Утрински Весник
Македонија

Русковска: Не може да го смени судскиот процес за „Организатори на 27 април“

Русковска: Не може да го смени судскиот процес за „Организатори на 27 април“

„Бомбата“ со Вилма Русковска не може да го смени судскиот процес за „Организатори на 27 април“, кој е пред скопска Апелација. Самата обвинителка посочува дека снимката, на која наводно се слуша нејзиниот глас како вели: „Не го држев, два месеца го заборавив, го заборавив буквално… го заборавив намерно“, е извадена од контекст. Инаку, поради оваа снимка, која излезе во јавност, денеска со часови се одлучува за изземање на Обвинителството и предавање на предметот во Хаг за да го води обвинител што застапува предмети пред Меѓународниот кривичен суд.

dobivaj vesti na viber

„Не, апсолутно, снимката не може да го смени текот на судскиот процес. Таа снимка излезе во јавност уште на крајот на јули или почетокот на август. Законот е така поставен што никого не можеш да заборавиш во притвор. Секои 30 дена мораш или да бараш укинување или продолжување на притворот. За тоа одлучува судот“, рече Русковска.

Таа пред новинарите објасни за какво заборавање се зборува во аудиоматеријалот.

„Тоа целото е извадено од контекст. Во првите два месеца ги собирав другите докази и се прошируваше истрагата и не беше повикан да даде исказ Владимир Атанасовски. И тоа, всушност, е ова наводно заборавање“, додаде Русковска.

Адвокатот на ексдиректорот на УБК, Владимир Атанасовски, денеска посочи дека снимката е доказ што му ја боде душата на секој правник.

„Тука се доказите, каде што Јавното обвинителство кажува дека Атанасовски намерно е ставен во притвор и заборавен, а тоа кажува на нашите констатации во истрагата и во првостепената постапка дека се работи за политички конструиран предмет“, рече Јордан Апостолски, адвокат на ексдиректорот на УБК, Владимир Атанасовски, кој бара укинување на првостепената пресуда за случајот.

Можете да прочитате

Орце Ѓорѓиевски: Градоначалниците или ќе го реализираат ветеното или предвреме да бидат отповикани

Земјотрес ја стресе Македонија – 24info.mk

Поради реконструкција на преминот од српска страна, отежнат товарниот сообраќај на Табановце