Утрински Весник
Свет

Руските сили ги гранатираа Запорожје и Одеса, а Украинците со дронови ја нападнаа Белгородската област

20240420100333 Big 730x400 48.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Руските сили изутринава извршија ракетни напади врз индустриската зона во Запорожје на југот на Украина и пристаништето Одеса, соопштија украинските власти.

Шефот на регионот Запорожје, Иван Федоров, на Телеграм напиша дека во нападот нема повредени, пренесува Укринформ.

Во Одеса имаше воздушен напад и екслозии, изјави шефот на регионалната администрација Олех Кипер.

Руската армија ја нападна и воздушната база во градот Конотоп во регионот Суми и 58-та украинска моторизирана пешадиска бригада. Во воздухопловната база се стационирани хеликоптери, а во близина се наоѓа и фабрика за ремонт на авиони. 

Украинците, пак, со беспилотни летала ја нападнале руската погранична област Белгород, при што загинале две лица, објавија медиумите во Русија.

Спречен е напад со дронови во Смоленската област, а од делови на уништено беспилотно летало избувнал пожар во зградата на енергетскиот комплекс, изјави шефот на регионот Василиј Анохин.

Претходно во текот на ноќта, како последица на експлозија на дрон, оштетена е енергетската инфраструктура во областа Малојарославец во областа Калуга.

Можете да прочитате

Полицијата на Корзика уби маж кој се заканувал со нож

Брз патнички воз уби седум слонови на пруга во Индија

Либан: Првата фаза од разоружувањето на Хезболах завршува за „неколку дена“