Утрински Весник
Свет

Руските пратеници сакаат да ја поништат советската одлука за давање на Крим на Украина

20240312082355 big 730x400 84.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Руските пратеници доставија до Думата, Долниот дом на Парламентот, предлог-закон за поништување на советската одлука од 1954 година со која полуостровот Крим, дотогаш дел од Русија, и беше предаден на Украина. Овој потег треба да создаде правна основа за Русија да може да тврди дека Крим, полуостровот на Црното Море што го анектираше од Киев во 2014 година, всушност никогаш не бил дел од Украина.

Нацрт-законот, предложен од членовите на двата дома на рускиот Парламент, ја опишува одлуката од 1954 година како произволна и незаконска бидејќи не се одржа референдум, а советските власти немаа право, без согласност, да доделуваат територија од една конститутивна република на друга.

Не е соопштено кога ќе се расправа за предлог-законот.

Рускиот претседател Владимир Путин го осуди предавањето на Крим во 1954 година, кога на власт беше Никита Хрушчов, нарекувајќи го потегот кршење на тогашните закони.

Жителите на Крим, како и остатокот од Украина, гласаа со мнозинство за независност на референдум во времето на распадот на Советскиот Сојуз, а Русија и Украина меѓусeбно си ги признаа границите.

Сепак, Москва ја презеде воената контрола на Крим во 2014 година и го анектираше на референдум што Украина и западните влади го сметаат за незаконски. 

Можете да прочитате

Сопственикот на TикТок во Кина ја предава мнозинската контрола врз апликацијата на американски инвеститори

Најмалку тројца загинати при нападот во Тајпеј

Гладот ​​во Газа моментално спречен, но ситуацијата е критична