Утрински Весник
Свет

Рускиот суд ја одби жалбата на американскиот новинар, Гершкович останува во притвор до 29 мај

Рускиот суд ја одби жалбата на американскиот новинар, Гершкович останува во притвор до 29 мај

Московскиот градски суд денеска ја отфрли жалбата на американскиот новинар Еван Гершкович и одлучи тој да остане во притвор до 29 мај.

dobivaj vesti na viber

Новинарот на „Волстрит џурнал“ поднесе жалба против одредениот притвор под обвинение дека се занимавал со шпионажа во Русија.

Гершкович (31) е првиот американски дописник од крајот на Студената војна, кој е приведен во Русија поради наводна шпионажа, пренесува АП.

Руската Федерална служба за безбедност го приведе во Екатеринбург на 29 март и го обвини дека се обидел да добие доверливи информации за руска фабрика за оружје.

Можете да прочитате

Во Саудиска Арабија егзекутирани осум осуденици во еден ден

Македонска државјанка повредена во сообраќајка на Алјаска

Жена на 76 години за првпат стана мајка