Утрински Весник
Свет

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални е убиен со токсин од отровна жаба

Aleksej navalni.png

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални бил убиен со употреба на отров развиен од токсин од отровна жаба.

Оваа информација беше објавена од британското Министерство за надворешни работи, кои го оквалификуваа овој чин како „варварски“. Истакнаа дека е употребен невротоксин класифициран како хемиско оружје и проценија дека „само властите на Владимир Путин можат тоа да го спроведат“, јави Скај њуз.

Се уште не е јасно како отровот, познат како епибатидин, наводно бил применет врз Навални.

Две години по смртта на Навални во казнена колонија во Сибир, Велика Британија и нејзините сојузници го обвинија Кремљ откако анализираа примероци од материјали пронајдени на неговото тело.

На Велика Британија ѝ се придружија Шведска, Франција, Холандија и Германија во обвинувањето на Русија дека е одговорна за труењето.

Министерството за надворешни работи објави дека Велика Британија ја известила Организацијата за забрана на хемиско оружје за наводното кршење на Конвенцијата за хемиско оружје од страна на Русија.

Навални, борец против корупцијата и најгласниот руски опозициски лидер, ненадејно почина во затвор на 16 февруари 2024 година на 47-годишна возраст

Можете да прочитате

Рубио: Ќе продолжиме со дипломатски притисок, но не е јасно дали Москва сака мир

Трамп потпиша закон за спречување исплати на починати лица

Мецола најави потпишување на заем од 90 милијарди евра за Украина и нов пакет санкции кон Русија